(ФОТО) ХЕРОЈ – УНГАРСКИОТ КАПИТЕН СПАСИ СОИГРАЧ КОЈ СЕ ОНЕСВЕСТИ: Тоа што го направи ќе ве расплаче! 

Исклучително потресна сцена е видена на натпреварот помеѓу Унгарија и Шкотска во третото коло од групата А на Европското првенство во Германија.
Натпреварот го одбележа страшната повреда на унгарскиот напаѓач Барнабас Варга.
Невидена драма се одвиваше на теренот во Штутгарт. Во 70. минута од натпреварот искусниот фудбалер доби силен удар од голманот на Шкотска Ангус Ган, падна на тревата и загуби свест.


Во тие моменти најприсебен беше најмладиот капитен на ЕП, Доминик Собослај. во критичните моменти направи се за да го спаси животот на својот соиграч.
Тоа не можеше да се види во преносот, бидејќи има инструкции да се снимаат кадри од височина и од трибини, а не од терен кога ќе се случи вакво нешто, но Собослај направил се за да му пружи најдобра можна помош на Варга.
Тој прв дотрчал до него, а на сликите јасно се гледа како Собослај се обидува да го почувствува неговиот пулс, што за среќа на крајот и успеал. Кога видел дека неговиот соиграч е жив, а носилката не доаѓа, веднаш истрча до тунелот и буквално ја влечел носилката и ги побрзал носачите што побрзо да се појават на лице место и да го изнесат напаѓачот на Ференцварош од теренот.



Сепак, тоа не беше крајот. Тој ја придружувал носилката додека го напуштала теренот, а потоа успеал да се прибере и да го продолжи натпреварот. Играше до крај со десетка на грбот, а потоа покажа каков човек е. Кога 24-годишниот напаѓач на Ујпешт, Кевин Чобот го постигна голот за да продолжат понатаму, останатите играчи славеа, а Собослај истрча до својата клупа. Тргна да го земе дресот на Барнабас Варга и му го фрли на соиграчот кој постигна гол!
Кога заврши мечот, камерите го фатија Собослај како во солзи ги гушка соиграчите, а на градите го имаше бројот 19 и презимето Варга.


Да потсетиме, Варга е надвор од животна опасност, но за него Европското првенство е завршено. Тој се здобич со потрес на мозокот и фрактура на јаболчницата и ќе мора да оди на операција.

Извор: mondo.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …