Принцот Хари и Меган Маркл повторно успеаа да ја разбеснат британската јавност.
Хари и Меган биле поканети во Колумбија од страна на колумбискиот претседател и ќе бидат дел од проект кој работи на зајакнување на постарите, младите и жените во Колумбија.
View this post on Instagram
Овој потег особено ги изнервирал Британците, а се огласил и познатиот новинар Пирс Морган.
„Зошто е тоа дозволено? Меган и Хари деновиве не извршуваат никакви вистински должности во согласност со нивните титули, тие само ги полнат џебовите во Америка со постојано валкање на кралското семејство. Од каде и право да се прчат по светоти да претвораат декасе дел од кралското семејство“, рекол Пирс, пренесува The Sun.
View this post on Instagram
„Има толку многу што не е во ред. Тие треба да се запрат. Можете да слушнете од јавноста дека кралот Чарлс и принцот Вилијам се бесни поради нивното патување во Колумбија и не сум изненаден бидејќи тоа е целосно неприфатливо за поранешните членови на кралското семејство да одат на вакви службени патувања“.
Очигледно, вели Пирс, Сасекси се во голема заблуда ако мислат дека можат да му парираат на кралското семејство со тоа што ќе ги уживаат сите придобивки без да исполнуваат никакви обврски кон кралството.
Да потсетиме дека Хари и Меган се повлекоа од кралските должности во 2020 година.
Фото: Принтскрин/Instagram