(ФОТО) Хали Бери тврди дека се чувствува како 20-годишна: Строго избегнува да консумира една намирница


Во новото интервју за Harper’s Bazaar, Хали Бери изјавила дека на 58-годишна возраст се чувствува како 20-годишна девојка благодарение на терапијата со црвено светло, секојдневните вежби и целосно исфрлање на шеќерот од исхраната.
„Годините се само бројка. Сега се чувствувам како да сум на врвот на мојот живот”, рекла таа. Таа објаснила дека својот изглед го одржува со конзумирање коктел од витамини и суплементи заедно со тестостерон и естриол.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)


Практикува и термотерапија и криотерапија во зависност од потребите. Покрај горенаведеното, таа редовно вежб, џиу џицу, маи таи и теквондо.
Таа открила дека ѝ бил дијагностициран дијабетес во дваесеттите години и дека била во дијабетична кома. Таа одлучила засекогаш да се откаже од шеќерот и да ја промени исхраната за да не се потпира на инсулин.
“Шеќерот е непријател. Не можете да ставите ништо слатко пред мене или да ми платите да го јадам. Едноставно не сум заинтересирана”, рекла таа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Таа се осврнала и на стереотипите кои владеат во Холивуд, но и надвор од него.
„Како жени, годините нè дефинираат многу повеќе од мажите. Понекогаш тоа може да нè направи ранливи. Мораме да одбиеме да го прифатиме тоа и да кажеме: ‘Не, ќе правам што можам додека се чувствувам добро. Ќе правам се што можам и сакам’“, рекла таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …