(ФОТО) Хали Бери е повторно сама:„Завршив со љубовта!“


Кога и’ службено потврдила, со фотографија на својот профил на Инстаграм, дека е во љубовна врска со музичкиот продуцент, сите се понадевале дека Хали Бери(51) конечно пронашла среќа во љубовта. Но, таа среќа не траела долго. Извор близок до двојката открил дека се разделиле и секој тргнал по својот пат.

There's no place like home


A post shared by Halle Berry (@halleberry) on


Кога во септември оваа година, на својот профил на Инстаграм објавила црно-бела фотографија на која позира со Алекс Да Кид (35) и покрај неа напишала „My balance“, Хали Бери на светот му ги потврдила шушкањата дека е во врска со музичкиот продуцент со вистинско име Александер Грант.

My balance


A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Но, се чини дека љубовта траела само неколку месеци, бидејќи пред една недела Алекс Да Кид е виден како со непозната жена се држи за рака. Извор близок до 51. годишната холивудска глумица за Us Weekly потврдил дека двојката повеќе не е заедно, а која е причината за нивната разделба сеуште не е познато.

Но, се огласила Хали Бери која изјавила: „По прекинувањето на врскта со Алекс завршив со љубовта“.
Хали Берт зад себе има три брака – од 1992. до 1997. била со Дејвид Џастис, потоа од 2001. до 2005. со пејачот Ерик Бенет, додека третиот бил од 2013. до 2016. година со франускиот глумец Оливер Мартинез. од врската со Габриел Оубри ја има деветгодишната ќерка Нахла, а со Мартинез тригодишниот син Мејси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …