(ФОТО) ГРИЖА НА СОВЕСТ ИЛИ СТРАВ: Милијардерот кој злоставувал малолетнички се убил во затворот!

Џефри Епстајн, милионерот и финансиер обвинет за сексуално искористување на малолетнички се убил во затвор, јавува „Еј – Би – Си Њус“.
Извори за „Еј-Би-Си Њус“ рекле дека во саботата наутро милионерот извршил самоубиство, а неговото тело од ќелијата било однесено во болница.
Епстајн е обвинет за трговија со луѓе и бил во затвор откако на 6. јули бил уапсен на аеродромот во Њујорк, при враќањето од Париз.

Тој на судот се изјаснил дека не е виновен за обвиненијата за кои го товарат.
Пред две недели 66. годишникот е пронајден повреден на подот на својата ќелија, со повреди на вратот, а се сомневало дека се обидел да изврши самоубиство. Како резултат на тоа, Епстајн бил под дополнителен надзот.
Епстајн е осуден поради сексуално злоставување на малолетни лица, а со судот склопил договор за признавање на вината и наместо најавената доживотна казна затвор, бил казнет со 13. месеци затвор, потоа да им исплати пари на своите жртви и да влезе во регистарот на сексуалните напасници.
Тој бил теретен дека створил и водел мрежа која му овозможувала експлоатирање и сексуално злоставување на десетина малолетни девојчиња од 2002. до 2005. година.

Како што пренесува агенцијата АП, бил пријател на поранешниот претседтал Бил Клинтон, британскиот принц Ендрју и американскиот претседател Доналд Трамп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати музички имиња од Македонија и Балканот овој викенд ќе настапат на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и …