Во Францускиот институт во Скопје, вечерва, со почеток во 18:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела на две талентирани млади уметниците Ана Трајковска и Јана Луловска. Изложбата насловена „Фото-графички експерименти“ ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни.
Станува збор за дело преку кое ќе го откриете Париз низ уникатниот уметнички пристап на две уметници-визионерки, едната фотографка, а другата графичарка.
Нивниот проект произлегува од двомесечниот престој во резиденцијата „Cité des Arts“ во Париз и претставува истражување на безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на градот, која ги спојува минатото и сегашноста.
„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз и, низ призмата на колаборативна уметност, повикува на размислување за невидливите слоеви на градот скриени под површината.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на годината.