Били Гардел открил што го мотивирало за неговата здравствена трансформација, а тоа е големо губење килограми.
Актерот, најпознат по улогите во сериите „Mike & Molly“ и „Bob Hearts Abishola“, неодамна изјавил дека сега тежи меѓу 90 и 95 килограми, а претходно достигнал 150 килограми.
53-годишникот почнал да ги „жнее здравствените придобивки“ од неговото слабеење и рекол дека неговиот пулс во мирување исто така е намален од 113 на 68. Тој, исто така, повеќе нема дијабетес тип 2.
Актерот публиката најдобро го знае за улогата на Мајк, но оттогаш драстично се променил. Во последните две години ослабел 70 килограми! Операцијата на која бил подложен била пресудна за него.
Гардел бил подложен на баријатрична операција за слабеење пред речиси две години, по препорака на неговиот медицински тим за да го намали ризикот од тежок КОВИД-19. Тој рекол дека работи и на подобрување на односот со храната.
„Важно е да се грижите за себе и мислам дека конечно стигнав до таму“, рекол тој.
Како што знае секој кој некогаш се обидел да изгуби тежина, актерот морал да ја земе предвид целата слика и да се фокусира и’ на диета и на вежбање.
Фото: Принтскрин/Twitter