Британскиот глумец Џејсон Стетам дваесет години помладата убавица ја запросил во почетокот на минатата година. Тогаш за свршенички прстен „искеширал“ дури четврт милион фунти.
Пред три месеци станале родители на малечкиот Џек Оскар.
Роси Хантингтон – Витли (30) на својот Истаграм профил се пофалила со фотографија на која се истакнува прстен. Фановите веднаш заклучиле дека британскиот модел тајно се омажил за глумецот Џејсон Стетам (50).
„Се венчаа?! Мислев дека се свршени“ напишал еден од бројните следбеници на сексипилната Британка.
Вредноста на прстенот се проценува на 243.000 фунти.
Двојката се свршила во јануари 2016. година, на одмор на Тајланд, после шест години врска.