(ФОТО) Гитарата на славниот нобеловец продадена за половина милион долари

Легендарната гитара на Боб Дилан на аукција во Њујорк, посветена на музичката легенда, е продадена за 495.000 долари…
Гитарата „Fender Telecaster” од 1965. година која му припаѓала на Роби Робертсон, гитарист на Боб Дилан, ја користеле како Боб Дилан така и Ерик Клептон и Џорџ Харисон, според наводите на аукциската куќа „Џулијан“ која ја оргнизирала продажбата.
Била проценета помеѓу 400. и 600. илјади долари.
Легендарниот инструмент го одбележал преоѓањето на фолк музичарот од „The Times They Are A-Changin” на електричен звук, во песните како „Like a Rolling Stone”.
Меѓу останатите славни гитари продадени во саботата се нашла и првата електрична гитара на Џорџ Харисон, „Hofner Club 40″,е продадена за 430.000 долари, како и гитарата „Fender Telecaster” од дрво на ружа изработена за Елвис Пристли во 1968. година, која е продадена за 115.000 долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …