Џорџина Родригез ги воодушевила своите фанови на Инстаграм со последната објава на која споделила симпатична фотографија од нејзиниот вереник Кристијано Роналдо како позира со нивната ќерка Бела Есмералда.
Џорџина под фотографијата напишала само „Папа“. Оваа објава не остана незабележана, а набрзо собра над три милиони лајкови, а бројните фанови со воодушевување коментирале.
View this post on Instagram
Заедно со малата Бела, која има само две години, тука се и Алана Мартина, која Џорџина ја роди во 2017 година и близнаците Ева и Матео, родени во истиот месец, но преку сурогат мајка. Тука е и Кристијано Јуниор, најстариот син на фудбалерот, кој е роден во 2010 година.
Да потсетиме, Џорџина минатата недела заврши во болница поради пневмонија. Манекенката открила дека поминала четири дена во болница, но дека наскоро ќе се врати дома, каде ќе продолжи да се одмора.
Поради тие случувања, Португалецот решил да го пропушти натпреварот против Ал-Холуд за да биде со Џорџина, а во тимот треба да се врати следниот вторник кога неговиот тим ќе му гостува на Ал-Таавун.
Фото: Принтскрин/Instagram