(ФОТО) ГИ МОЛЕЛА ДОКТОРИТЕ ДА ЈА ПУШТАТ ДА УМРЕ: На актерката голем дел од мозокот не и работи – лекарите биле шокирани, таа имала среќа


АКТЕРКАТА Емилија Кларк беше сакана од публиката ширум светот како Денерис во хит серијата „Игра на тронови“.
Емилија Кларк изгради неверојатна кариера, и иако е млада, веќе се соочила со сериозни животни проблеми. Како што тврди, токму нејзината улога во хит серијата „Игра на тронови“ ја заштитила на ист начин како што змејовите ја заштитиле Денерис.

Сите беа воодушевени од огнената Денерис
Во 2017 година, таа стана најплатената телевизиска актерка, „фактурирајќи“ дури еден и пол милион долари по епизода.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Chaumet (@chaumetofficial)


– На почетокот на првата сезона, немав поим што правам. Тоа беше трет пат на снимање и одеднаш ме замолија да снимам целосно гола. Беше шокантно и ужасно. Не знаев што сакаат, дури ни јас не знаев што сакам – рекла таа претходно и додала:
– Улогата на Денерис го обележа мојот живот, секогаш ќе ѝ бидам лојална, во тоа име имам тетоважа од моите три змејови на зглобот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

Мозочен удар
Нејзината брилијантна кариера речиси беше запрена од хеморагичен мозочен удар предизвикан од руптура на аневризма во мозокот, што го доживеала во 2011 година.
Потоа, како што опишала претходно, почувствувала „незамислива“ болка во главата, но отишла на лекар на време и успеала да се врати на работа само неколку недели подоцна, токму на време за снимањето на втората сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

– Страдав од состојба наречена афазија, што е последица на траумата што ја претрпел мојот мозок. Го замолив медицинскиот персонал да ме остави да умрам. Мојата работа, целиот мој сон за тоа каков би бил мојот живот се базира на јазикот, на комуникацијата. Без тоа, бев изгубена – открила актерката.
Само две години подоцна, трагедијата се случила повторно и овој пат донела многу посериозни последици. Иако ѝ била ветена релативно едноставна операција, Кларк рекла дека втората била уште понеподнослива од првата.
– Кога ме разбудија, врескав од болка. Постапката не успеа. Имав многу крварење и лекарите јасно рекоа дека моите шанси за преживување се неизвесни ако не оперираат повторно – се присетила актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

Актерката развила афазија и привремено губење на меморијата по вториот мозочен удар во 2013 година.
– Голем дел од мојот мозок повеќе не е функционален, вистинско чудо е што сум жива, што можам да зборувам, да работам, лекарите се во шок, исто како и јас. Дефинитивно имав среќа – рекла храбрата „џебна Венера“, како што често ја нарекуваат во медиумите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …