Германската водителка Естер Седлачек последниве денови е во фокусот на јавноста во Германија поради поврзаноста со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, со кој соработува на телевизијата АРД.
Имено, со последните тврдења на германските медиуми дека на бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер му дошол крај, како причина се почесто се споменува името на водителката Естер Седлачек.
View this post on Instagram
Заедно со Швајнштајгер, Седлачек води спортска емисија на АРД, а минатото лето нивната блискост особено ги „привлекла очите“ на гледачите.
View this post on Instagram
Покрај тоа, за време на преносот и мониторингот на Светското првенство во 2022 година, поранешниот фудбалер го привлекол вниманието со шеги поради кои Естер се чувствувала непријатно.
View this post on Instagram
На TikTok се споделуваат видеа од нивните разговори и насмевките кои ги споделуваат, а сето тоа повторно е во фокус со веста дека Бастијан се разведува. Исто така, некои веруваат дека токму Естер е „виновна“ за нивното раскинување.
Седлачек е мажена за германски бизнисмен со кој се омажила во април 2019 година, но во јавноста не се знае многу за него. Во мај 2019 година го добиле своето прво дете, додека водителката во февруари открила дека е повторно бремена.
View this post on Instagram
Да потсетиме, германски Bunte објавил дека на љубовта меѓу поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и дошол крајот и дека веќе два месеци не живеат заедно.
Фото: Принтскрин/Instagram