(ФОТО Галерија) „Статуафест – Другото Лице На Улицата“: Голем интерес за живите статуи на улица „Македонија“

Како што најавивме на 14. и 15. септември во Скопје, на улица „Македонија“ ќе се одржи „Статуафест – Другото Лице На Улицата“, меѓународен фестивал на уличните живи статуи и останатите.
Програмата на улица „Македонија“ започнува во 18:00 часот и трае се’ до полноќ.
Вчера овој фестивал предизвика голем интерес кај скопјани, а што можеа да видат проследете во галеријата подолу.

Меѓу учесниците беа светски познати артисти, како што се Ел трио ла ла од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди.
Потоа артист и од Украина кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот Mr. Show time, како и артисти од Бугарија, Србија, како и живите статуи од македонската продукција Театроск која е организатор на овој фестивал. Актот КОНТРАБАС со кој Театроск освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, исто така беше претставен пред македонската публика.


денес пак програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи, музика ќе пуштаат скопски урбани ликови, и тоа г-дин Никола Димитров, Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ Марковиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.


Фото: екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второ издание на конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“

На 24-ти и 25ти јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој Еквалис ја организира втората …