Втори август е традиционално денот кога Дојран се полни, во вистинска смисла на зборот, а оваа година за уште поголема навалица придонесе и коронавирусот, односно затворените граници за македонските жители во соседна Грција…
Нашиот фоторепортер „прошета“ по Дојран од фотографиите и’ навистина има што да се види…
Сите плажи се преполни, расположени луѓе кои се дојдени да уживаат, но и МНОГУ НЕВНИМАТЕЛНИ ЛУЃЕ!
Во време кога границите за патувања ни се затворени поради големиот процент на заразени со корона вирусот туристите (низ цела Македонија) како да мислат дека покрај вода го нема вирусот…
Никој нема заштитна маска ниту пак се придржува до социјалната дистанца. Јасно се гледа дека на плажите се „еден до друг“, но и во вода…
Единствено на некои места се гледа дека се придржуваат до социјалната дистанца – но таму е празно…
Под старите дрвја кои се и паркинг се ужива во сенката а подоцна сигурно ќе ги „распалат“ и скарите па Дојран ќе заживее со нов мирис…
И’, мораме да прашаме каде се комуналните редари, полицијата да ги контролираат капачите бидејќи мерките мора да се почитуваат…или тоа ќе се остави за некое друго време…невреме.
Текст и фото: Екран.мк