МЕГАН Маркл и принцот Хари на Денот на вљубените со црно-бела фотографија објавија дека очекуваат второ дете.
На фотографијата направена од нивниот пријател и долгогодишен фотограф Мисан Хариман со iPad, парот ужива во интимен момент во природата. Додека Хари широко и се насмевнува на Меган, таа со раката нежно го допира нејзиниот растечки стомак.
Фустанот што го носеше Меган има посебно значење. Имено, станува збор за долг фустан на Каролин Ерера кој е направен додека била бремена со своето прво дете, синот Арчи Харисон, кој ќе наполни две години на 6 мај.
View this post on Instagram
“Мег, јас бев на твојата венчавка за да сведочам за почетокот на оваа љубовна приказна, и моја пријателке, чест ми е да забележам како расте. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за оваа добра вест”, напишал Хариман на крајот од фотографијата.
А датумот на објавување на бременоста на славната двојка е посебен затоа што принцезата Дијана ја објавила својата втора бременост на 14. февруари 1984. година. Меган и Хари го избраа истиот датум, 37 години подоцна.
View this post on Instagram
Маркл доживеа абортус минатиот јули, за кој зборуваше во искрен и потресен есеј за Њујорк Тајмс на 25. ноември.
„Да се изгуби дете значи да носиш скоро неподнослива тага што ја доживеале многумина и за која малкумина зборуваат“, напишала тогаш.
Фото: Принтскрин/Instagram