(ФОТО) „Фрустриран сум, некои работи мора да се променат“: Ѓоковиќ останува без 10 милиони евра, „се’ пукнало“ во Лондон


Новак Ѓоковиќ направи цела низа промени од почетокот на 2024 година, а се чини дека овој бран на револуција сè уште не е завршен.
Според последните информации од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ решил да го критикува својот долгогодишен спонзор и производител на спортска опрема.
„Не сум задоволен од начинот на кој тие ја прават мојата маркетинг промоција. Исфрустриран сум“, изјавил Ѓоковиќ, а пренесе „Clay tennis“.
Според некои информации, тој дури изјавил дека е разочаран, што покажува малку поинаква емоција.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Едно нешто што особено го мачи е односот што го има со познатиот „крокодил“.
„Последниве години не ми се допаѓа што многу луѓе ми кажуваат дека не можат да ги најдат моите производи во продавниците на моите спонзори. Сега некои работи се менуваат, но јас се уште не сум задоволен, бидејќи се може да биде многу подобро“, изјавил Ѓоковиќ.


Имал и совет и за производителите на опрема.
„Очекувам моите спонзори да го зголемат нивото на производство и количина како и неговата достапност за да можат сите да го купат. Нивото на тенис што го играм е многу популарен низ целиот свет“.
Иако често се дава оправдување дека сега се повеќе се купува преку интернет, тоа не значи дека физичките продавници се бесмислени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros)

„Очигледно може да се направи онлајн, но поинаку е кога луѓето доаѓаат во продавницата“.
Четиригодишниот договор на Новак со таа компанија истекува на крајот на оваа година, а од него заработувал 10 милиони евра годишно. Меѓутоа, сега се поставува прашањето дали ќе ја продолжи соработката со брендот со кој е од 2017 година или ќе се одлучи за нова револуција.

Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овој хороскопски знак во мај го чека ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ, според познатиот руски астролог: ПАРИТЕ ќе му паѓаат (како) од небо, а нема да можат да се одбранат од СУДБИНСКИТЕ МОЖНОСТИ

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …