(ФОТО) Финално одбројување – „Меморија“ најави аудиовизуелен концертен рок ен рол спектакл, грст гости и изненадувања, но и нив пријатно ги изненадија

На вчерашната финална ПРЕСС-конференција која се одржа во просториите на Универзитет „Скопје“, членовите на легендарната македонска поп-рок група најавија аудиовизуелен концертен рок ен рол спектакл, грст гости и мноштво изненадувања.
Она што е веќе обзнането е дека покрај бендот овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот, дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова… засилени со едно машко има – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент.

„Концертот е замислен како едно големо мултимедијално шоу, кое ретко се гледа. Ќе бидете и самите изненадени од некои работи кои досега не сте ги виделе или сте ги виделе, но не кај нас и не во таква форма и интензитет. Генерално работите околу продажбата на влезниците одат добро и се надевам дека ќе имаме една вистинска концертна журка пред преполна сала со максимален фидбек на публиката кон бендот. Еден апсолутно концертне спектакл и во аудио и во визуелна смисла. Ние најавивме повеќе изненадувања и повеќе гости на концертот – познати македонски музички имиња. Ова ќе биде женска журка, кога се гостинките во прашање, но има и по некое машко. Меѓу сите нив и последниот гостин кој што го чуваме до крај во тајност, со сиот респект на оние кои ги знаете и се објавени и споменати, е вистинска музичка ѕвезда со интернационална кариера. Во прашање е едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот“ – рече ПР от на групата, Антонио Димитриевски.


Членовите на „Меморија“ пак зборуваа за одвивањето на подготовките, текот на пробите, соработката со специјалните гости… Но покрај најавените изненадувања, обзнанија дека и самите биле изненадени и тоа многу пријатно од вокалната изведбата на последната балада „За тебе“, преполна со емоции на женскиот хор „Фрида“ предводен од Сузана Турунџиева, чие видео парче беше споделено и на ПРЕСС-от!


На социјалните мрежи пак исто така, овој пат самите членови на „Mеморија“ споделија едно посебно видео парче од нивните проби, на кое со нив пее и еден од најавените гости на концертот, Филип Николоски, младо момче кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува. Нему му е посветена и песнатата „За добро да е“, за која музиката е на гитаристот на „Меморија“, Рубин Димкоски, а текстот е на Дуле Темелкоски. Тој ќе пее заедно со Ристо Самарџиев и Перо -Камиказа, а снимката од пробата, на социјалните мрежи е многу гледана и достигна 80.000 прегледи.
„Филип Николоски вчера дојде на нашата проба и знаеше до најмал детал што кој свири во сите песни. Иако е во количка поседува огромно количества позитивна енергија, што ја почувствувавме сите во студиото. Особено ни е драго што за Филип музиката е многу важна во животот, каде може да го изрази својот талент. Со него ќе настапиме и во Скопје, а секако и на нашиот концерт во неговиот роден Прилеп“ – рече Самарџиев.


Членовите на групата потоа одговараа на новинарските прашања, а потоа зборуваа и за нивните идни планови, издавањето албум, концерти по другите градови, а за догодина најавија и еден „мал“, како што Петар Георгиевски – Камиказа го нарече „семеен концерт“ во МКЦ, каде што се’ започна, на кој ќе свират и пеат сите некогашни членови на групата.

Дотогаш одбројуваме ситно до големиот славенички концертен спектакл на „Меморија“ на 16-ти ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Фото: Јованка Гроздановска

Извор: vistina.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …