Глумецот имал само 29. години кога му била дијагностицирана Паркинсоновата болест, а за да ја крене свеста на јавноста за една од најтешките болести на денешницата Фокс досега донирал повеќе од 650. милиони долари за истражување…
Мајкл Џ. Фокс (57) кој се прославил со улогата на Марти МекФлин во филмскиот класик „Враќање во иднината“, отворено проговорил за својата состојба и здравствени проблеми кои му се закануваат од Паркинсоновата болест од која е болен веќе 30. години. Глумецот бил и’ на операција на мозокот за да го ублажи тресењето не поедини делови од телото, еден од симптомите на болеста.
„Засега е се’ стабилно, но ако се влоши, наскоро нема да можам да одам ниту да ги користам рацете“, рекол Фокс.
Тој објаснил дека после дијагнозата почнал да ја губи рамнотежата и се’ почесто да паѓа. Сето тоа, вели, му било малку смешно, иако станува збор за сериозни проблеми поради кои одлучил да се подвргне на операција на рбетот. Мајкл имал само 29. години кога му е дијагностицирана Паркинсоновата болест, што во прв момент го шокирало, признал во едно интервју за Closer Weekly.
„Искрено, на лекарите им реков – ’Знаете ли вие кој сум јас: Мора да сте се збуниле…Мислев дека е невозможно тоа да ми се случи токму мене. Дијагнозата ме избезуми. Едноставно избегав од неа…А, утехата, за жал, ја пронајдов во алкохолот“, признала филмската ѕвезда.
„Досега требаше да бидам неподвижен, а далеку сум уште од тоа“, открил пред три години за списанието Haute Living.
Во медиумит често истакнувал дека болеста го направила подобра личност, а спасот од последиците од болеста го пронашол во медитацијата. За да ја подигне свеста на јавноста за една од најтешките болести на денешницата, Фокс досега донирал повеќе од 650. милиони долари за истражување на Паркинсоновата болест.