(ФОТО) Фановите се воодушевени – Кристина Агилера го прослави својот 44 роденден со разголена фотографија

Кристина Агилера не престанува да ги радува своите фанови. Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, објавувајќи на својот Инстаграм профил фотографија на која позира гола.
Пејачката позираше во кожни шорцеви, црн шешир и потпетици, додека со раката ги покриваше голите гради. Покрај фотографијата напиша: „Роденденско одело #44“ со кое ги воодушевила своите фанови.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)


Фотографијата брзо привлече внимание, а обожавателите го пофалија нејзиниот изглед.
„Стареење во години, но помладување во изгледот е она што се бара“, „Стареењето во годините, но помлад изглед е она што се бара!“, „HBD mamacita!“, Среќен роденден кралица!“, беа само некои од коментарите.
Неодамна се појавија шпекулации дека пејачката користи Ozempic, популарен лек за слабеење, што многумина ги коментираа на социјалните мрежи. Иако беше мета на вакви коментари, Кристина неодамна изјави дека сега е доволно зрела за да не ја погодуваат туѓите мислења.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

„Сега сум доволно зрела што веќе не ми е гајле што мислат другите за мене. Мислењата на другите за мојот живот не се мој проблем“, изјави пејачката и додаде дека од почетокот на нејзината кариера, во 90-тите, таа често беше изложена на коментари за своето тело.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од машки агол – 11 лаги кои мажите и ги кажуваат на жената со која се во врска

Понекогаш тоа се мали и невини лаги кои мажите ги кажуваат затоа што не сакаат …