(ФОТО) Еве како изгледа сега- Познатата Касандра пристигнала во Белград: Ѕвездата на популарната теленовела ќе глуми во српска серија

Кораима Торес, ѕвездата на теленовелата „Касандра“, која беше исклучително популарна на Балканот во текот на 90-тите, синоќа пристигнала во Белград.
Торес ќе се појави во една епизода од српската серија „Игра на судбината“ како специјален гостин. Таа во Белград пристигнала од Париз, а во главниот град на Србија ќе остане три дена – толку ќе трае снимањето.
„Ви благодарам! Многу сум возбудена и среќна што сум овде“, им рекла таа на собраните новинарски екипи на аеродромот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Prva televizija (@prvatelevizija)


„Игра на судбината“ е српска сапуница, која првенствено се базира на колумбиската серија „Nuevo rico, nuevo pobre“ за подоцна да развие оригинална приказна.
– Кораима остави длабока трага во срцата на публиката во Србија кога ја портретира Касандра. Многумина се сеќаваат на нејзиниот впечатлив лик и на емоциите што ги пренесе на екранот. Кога првпат сугерирав дека би било одлично да ја донесам Кораима во „Играта на судбината“ Сите беа за“, изјавила актерката Александра Белошевиќ.


Кораима Торес и Освалдо Риос во теленовелата „Касандра“

Да потсетиме, Торес го толкуваше ликот на култната Касандра во истоимената серија, што публиката на Балканот не ја пропушташе кон крајот на 90-тите.
Серијата Касандра постигна голем успех низ целиот свет, а еден од најголемите во Србија, Македонија (своевремено на наши простори беше донесена од Цветанка Ласкова), Босна и Херцеговина, Бугарија и Русија. Серијата влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван ТВ производ на шпански јазик – беше прикажана во 182 земји.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Покрај „Игра на судбината“, се шпекулираше и дека Кораима би можела да глуми во продолжението на „Јужен ветер“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗОШТО МАЖИТЕ ЖИВЕАТ ПОКРАТКО? Животниот век на жените е во просек пет години подолг

Во просек, мажите живеат неколку години помалку од жените – но не е познато зошто. …