(ФОТО) Ева Мендес и Рајан Гослинг не отстапуваат од едно правило кога ги воспитуваат децата: „Знам дека звучи екстремно“

Ева Мендес и Рајан Гослинг се актерска двојка кои имаат само неколку јавни заеднички фотографии, а уште помалку зборуваат за својот приватен живот.
Тие се заедно од 2011 година и имаат две ќерки. Ева сега дала мал увид во нивниот семеен живот со две деца. Излегува дека познатото дуо не им дозволува на нивните домашно школувани деца да користат паметни телефони или социјални мрежи, барем не сè уште.


Мендес и Гослинг ја добија својата прва ќерка Есмералда, која сега има 10 години, во септември 2014 година, а нивната втора ќерка Амада (8) во април 2016 година.
– Да му дозволите на вашето дете да користи Интернет е како да кажете: „О, пребарај нешто“, за мене е исто како да ѝ кажеш: „Ох, само оди по улица среде ноќ. Ќе бидеш добро“. Знам дека тоа звучи екстремно, но јас така се чувствувам – објаснила актерката.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)


Ева исто така објаснила дека таа и Рајан се обидуваат да им ја објаснат реалноста на животот на децата, раскажувајќи им приказни за тоа како пораснале со малку пари.
– Им објаснувам што немав јас, што немаше Рајан кога беше мал, колку требаше да се бориме, кога имавме од плата до плата.

Откако поминала низ нападите на анксиозност во текот на својот живот, Мендес се обидува да им всади самодоверба во нивните животи давајќи им задачи што да прават низ куќата за да ја изгради нивната самодоверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Gosling (@ryangoslingoffical__)

Рајан еднаш зборувал за тоа дека не ни помислувал да има деца додека не ја запознал Ева:
– Не размислував за деца пред да ја запознаам, но откако ја запознав Ева, сфатив дека едноставно не сакам да имам деца без неа – рекол миленикот на Холивуд за GK во 2023 година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Андреј Првоповиканиот

Светиот апостол Андреј Првоповиканиот Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар …