(ФОТО) Естрадно – медиска љубов: Горан Алачки „во љубов“ со водителката Марина Дојчиновска

Музичарот Горан Алачки веќе не ја крие врската со водителката Марина Дојчиновска, која е ТВ лице од неколку локални и национални телевизии.
Маестрото на хармоника и Дојчиновска уживаат во Бразил, каде што Алачки повеќе пати има одржувано музички работилници. Со фотографии на кои се гледа дека се вљубени, Горан и Марина се пофалија на социјалните мрежи од познатата бразилска плажа Копакабана.


„Со Марина сме заедно три години. Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажува Алачки за Фокус.
Алачки е поранешен сопруг на Адријана, позната пејачка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, претседател на здружението на готвачи “Гастромак“.
„Ние останавме добри пријатели и’ по разводот. Се’ уште живееме во иста зграда и заеднички се грижиме за децата“, изјавија Алачки по разводот. Адријана и Горан ги имаат децата Благоја и Грациела, која се омажи за музичарот Игор Димовски, поранешен ученик на Горан Алачки. Грациела и Игор пред две ипол години ја добија ќерката Јана.


Седум години по разводот од фолк пејачката и ТВ водителка на кулинарска емисија, Адријана Алачка, тој ја покажа својата нова избраничка пред јавноста. Станува збор за Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.
Тие двајцата не ја кријат својата блискот. Споделуваат заеднички фотографии на кои може да се види дека одлично се надополнуваат и го поминуваат времето исполнето со интересни содржини, на разни патувања, некаде сами, во романтична атмосфера, некаде со друштво.
Околу тоа дали и Марина наскоро ќе стане Алачки,, тој вели дека животот ќе покаже и остава работите да се движат по својот тек.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …