(ФОТО) Емотивната објава на таткото на малата Софија, на која Новак и помогнал, го погодува срцето: „Ти си светец кој чекори по земјата!“

Новак Ѓоковиќ несебично му помогнал на семејството Маркуљевиќ за да на малата Софија и го обезбедат најскапиот лек на светот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ секогаш несебично им помага на сите на кои им е потребна помош, па остана запаметен и по тоа што и помогнал на девојчето Софија Маркуљевиќ да отпатува во САД на лекување за најскапиот лек на светот. Нејзиниот татко Стефан Маркуљевиќ, неколку години по големата помош, конечно успеал лично да му се заблагодари на Ноле за се што направил за неговата ќерка!

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Markuljevic (@markuljevicstefan)


Стефан Маркуљевиќ е дел од стручниот штаб на машката одбојкарска репрезентација на Србија, која на стартот на турнирот беше поразена од Франција, а Ноле со семејството дојде да го гледа „синото друштво“. Маркуљевиќ не можел да го пропушти тој момент и веднаш отишол кај Ноле да изрази порака за благодарност.


„Неверојатно, на 28 јули 2020 година, преку заеднички пријател, нашиот голем @djokernole нè контактираше за да и помогнеме на Софија @zasofijinprvikorak да оди да го земе лекот што е можно поскоро. Му се заблагодаривме, се разбира, но немаше личен контакт. Честопати размислував како ќе изгледа нашата средба еден ден, бидејќи за мене лично, покрај неговите спортски успеси, тој е светец кој чекори по земјата. На 28 јули 2024 година, четири години подоцна, имав можност лично да го гушнам и заблагодарам иако нема зборови со кои може да се опише благодарноста и почитта што ја имам. БЛАГОДАРАМ за се што направи за Софија и моето семејство. Слава на Бога“, напишал Стефан покрај заедничката фотографија.

Да потсетиме, Ѓоковиќ во 2020 година финансирал приватен лет за малата Софија што поскоро да пристигне на лекување во Соединетите Американски Држави, каде веднаш примила терапија со најскапиот лек на светот – „Золгенсмо“. Претходно и била дијагностицирана спинална мускулна атрофија тип 1, ретка и тешка болест.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест тивки знаци дека вашето тело може да биде во голема неволја

Вашето тело дури знае и како да сигнализира дека нешто не е во ред со …