(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на инаугурацијата на нејзиниот татко Доналд Трамп.
Ќерката на новоизбраниот претседател пристигнала на богослужбата во црквата Свети Јован на денот на инаугурацијата облечена во смарагдно зелен комплет. Својата асиметрична јакна и „моилив“ здолниште ги дополнила со црни кожени ракавици и чанта Лејди Диор. Класичен шешир го комплетирал нејзиниот изглед.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka trump fanclub (@ivanka_trump_fanclub)


Претходно, Иванка присуствувала на вечерата во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, која се одржал ден пред инаугурацијата на нејзиниот татко. Таа потоа добила голем број негативни коментари со нејзиниот моден избор.
Иванка за оваа свечена пригода избра долг фустан од престижниот бренд Oscar de la Renta, кој бил украсен со бројни кристали и бисери во облик на цвеќе.


Иако фустанот што го избра Иванка не беше премногу екстравагантен во дизајнот, неговата симболика предизвикала големо внимание, особено во светло на политичките околности.
Иванка имаше неколку настапи во предизборната кампања со нејзиниот татко за време на неговата трета кандидатура за претседател. Имено, во јули таа присуствуваше на RNC, а во ноември ја прослави неговата победа над Камал Харис облечена во сино кадифено одело на Реис.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …