(ФОТО) Еднаш дива, секогаш дива


Италијанската дива Моника Белучи неодамна присуствувала на промоцијата на филмот „Beetlejuice Beetlejuice“ во режија на Тим Бартон и со својот стајлинг ги воодушевила сите присутни.
Промоцијата на филмот се одржала во Мексико, а гостите на настанот продефилирале на црн тепих наместо на црвен. Според организацијата, тепихот бил во согласност со жанрот на филмот на Бартон – комбинација од хорор и комедија.
Естетиката на целата промоција ја поддржала италијанската дива Моника Белучи, која прошетала во црна комбинација од глава до пети.

Како што можете да видите, таа за оваа пригода носела макси фустан од францускиот дизајнер на висока мода Александре Вотие. Споменатата тоалета е украсена и со отворен грб со блескави детали.
Моника го комплетирала целото издание со кожна писмо-чанта од американскиот дизајнер Мајкл Корс, ефективна темна шминка и едноставна фризура.
Со ова издание Моника ја зацементира титулата италијанска дива.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вклучете ги во вашата исхрана – Јадењето на овие четири намирници помага во здравјето на мозокот и ја подобрува меморијата

Деменцијата и проблемите со меморијата сè повеќе ги погодуваат постарите лица, отежнувајќи го секојдневниот живот …