(ФОТО) ДВОЈНА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Нејзиниот син Марио денес полни 2 години, а пејачката објавила уште една убава вест


Пејачката објавила емотивни фотографии со својот наследник.
Пејачката Марија Шерифовиќ ја споделила среќната вест на својот Инстаграм профил. Денес е посебен ден за неа, бидејќи нејзиниот син Марио полни две години. По тој повод, таа му се обрати со емотивни зборови.
– Денес славиме заедно. Го славиме твоето животче и мојот втор роденден откако бев избрана да бидам твоја мајка. Мое меко русокосо момче, колку многу ни ги промени животите на сите. Колкумина од нас, таков малечок и ситен, нè учиш на сè. Ти благодарам што дојде баш кај мене, да ме научиш повторно да живеам – напишала таа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Покрај тоа, Марија објавила уште една добра вест што ќе ги израдува сите нејзини обожаватели. Таа најавила концерт во Сава Центар на 6 март.
– Имавме магично време на почетокот на годината и немав планови повторно да ја повторам таа лудост. Но, мојот мал принц ја одбра својата прва омилена песна и ми даде нова сила и енергија за да го направам овој март наше време за љубов.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Да потсетиме дека Марија го доби својот син преку сурогат мајка и во една прилика зборуваше за таткото на своето дете, како и за сурогат мајчинството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …