Прекрасните сцени создадени овој петок над шумата кај Матрахазе, место во северна Унгарија, ги снимиле фотографите на Европската фотографска агенција.
Само малкумина имаат можност да посетат вакви локации во раните утрински часови и да видат сцени кои навистина го одземаат здивот.
Снимката од дрон покажува иње како покрива шумска вегетација. Големи делови од ова место утрово се прекриени со облаци, а подолу можете да видите колку густа магла го покрила градот.
Инаку, температурата измерена утрово на ова место се движи меѓу минус 1 во повисоките и плус шест степени во пониските.
Фото: klix.ba