(ФОТО) „Дове“ се извинил поради реклама која навредила многу жени

На спорниот ГИФ на Dove јавноста ја предупредила Наоми Блејк (29), вработена во индустријата за убавина која води многу популарен профил на Инстаграм. Таа вели дека на Фејсбук им напишала дека е загрижена поради таа реклама, но добила, вели, стереотипен „copy paste” одговор.
Откако направил принтскрин на рекламата (го сочувала од својот компјутер), таа фотографија бргу се проширила по социјалните мрежи.
„Како можете да ја видите таа реклама за гел за туширање и да не сфатите? Ме потресе и мене и другите. Што и порачувате на млада црнкиња која тоа го гледа?“ се запрашала Наоми.
Ова не е првпат нивна реклама да ја вознемири јавноста која потоа ги обвинува за расизам.Пред шест години направиле една која прикажувала три жени во различни тонови на кожа – од најтемна до најсветла. Над тоа напишале „Пред и потоа“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …