Кога им било кажано дека ќе имаат дете со деформитет, младиот пар знаел дека сака да го задржи бебето без разлика на се, иако лекарите, па дури и пријателите ги советувале на абортус. Не им било гајле што ќе изгледа поинаку и биле подготвени да се жртвуваат со потенцијалните здравствени проблеми на нивното идно дете. Ниту еден момент не се двоумеле, го засакале своето бебе – иако се уште не било ни родено.
Тие биле подготвени да се борат со дефектот што и да е, абортусот не доаѓал во предвид. Кога се родило бебето, Сара и Крис Хелер сакале да ја споделат својата приказна со светот со надеж дека тоа ќе го промени начинот на кој луѓето ги перцепираат децата родени со одредени попречености и ќе инспирираат некого да се справи со сличен проблем.
„Треба да бидете горди на вашето бебе без разлика на околностите. Сакавме да покажеме дека е можно да се промени она што го покажа ултразвукот, а потоа и првите фотографии од мојот Броди. Мислевме дека треба да им покажеме на луѓето дека е можно да се справиме со расцепите на неговото лице“, изјавила Сара Хелер, мајка на мало момче кое е родено со расцеп на усна и непце.
View this post on Instagram
Синдромот на расцеп на усна се јавува кога одредени ткива не се формираат правилно, а можно е да се види на ултразвук по 12-та недела од бременоста.
Ова оштетување не е само од естетска природа – може да му отежне на бебето да јаде, пие, да се смее, па дури и да дише. Меѓутоа, во повеќето случаи овој проблем успешно се решава со операција, па овие деца можат да имаат сосема нормален живот.
View this post on Instagram
Сара и нејзиниот партнер Крис биле горди на своето мало момче и како и повеќето родители споделиле фотографии од него на социјалните мрежи и покрај дефектот што го имал. Постојано добивале зборови на поддршка од сите страни, но многумина биле и груби и дрски, опсипувајќи ги со прашања што не е во ред со момчето.
„Решив да ги едуцирам луѓето, наместо да ги напаѓам и да се борам со нив, и тоа сакам Броди да го прави кога ќе порасне. Сакам да ги едуцирам луѓето, да им објаснам што не знаат и да зборувам наместо децата кои сè уште го немаат својот глас“, нагласила оваа храбра мајка.
View this post on Instagram
Броди денес има 6 години и имал среќно детство, иако имал неколку операции за неутрализирање на штетата.
„Кога се роди Броди, сфативме колку луѓе го имале или го имаат истиот проблем. Луѓето од целата земја и светот не контактираа, ни рекоа дека се молат за нас и ја понудија својата помош во се што ни треба“, заклучуваат Хелерите.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram