(ФОТО) ДОЈРАН РОК ФЕСТ – High Voltage: „Светот е уште жеден за добар рокенрол и нашите идоли што и ден денес на тие години свират и растураат низ целиот свет со истата енергија како кога биле деца!“

Доста сте активни на сцената низ цела Македонија. Каде се чувствувате најубаво кога настапувате? Да издвоите барем еден настап кој позитивно се разликувал од останатите?
– За нас секое шоу е ново искуство и посебно за себе. Ние даваме се од себе на сцена и се трудиме да ја пренесиме енергијата и љубовта за хард рок музиката која гори во нас и луѓето едноставно го препознаваат тоа затоа што е искрено и посилно од нас, така да досега сме немале лоша публика (фала ви на сите што сте секогаш тука и не поддржувате). За настан кој позитивно се разликува од останатите не би издвоиле некој специфично, ние само сме посебно возбудени кога треба да свириме на фестивали на отворено.


Кои се вашите следни планови? Дали планирате издавање на албум?
– Нашиот албум е напишан веќе 4. години и снимен како демо албум. Сеуште не сме го објавиле никаде затоа што наскоро ќе го снимаме професионално како студиски албум, работиме на тоа и едвај чекаме да го претставиме пред нашата публика а и надвор од Македонија. Бидете спремни!

Најавени сте на Дојран Рок Фест. Што да очекува публиката таа вечер од вас?
– Публиката ќе има можност покрај кавер изведби да слушне и три наши авторски песни. Спремете се за kickass hard rock show!


Ekran.mk
Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Забава со Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар – 21-ви септември по многу нешта ќе е посебен ден!

Желбата за дружење, за добра музика но и за омиленото пиво се работи кои се …