(ФОТО) ДОЈРАН РОК ФЕСТ – High Voltage: „Светот е уште жеден за добар рокенрол и нашите идоли што и ден денес на тие години свират и растураат низ целиот свет со истата енергија како кога биле деца!“

На 7. август во најјужниот град во нашата земја ќе се одржи „Дојран рок фест“ а меѓу учесниците и докажаните 
High Voltage…
Нашиот албум е напишан веќе 4. години и снимен како демо албум. Сеуште не сме го објавиле никаде затоа што наскоро ќе го снимаме професионално како студиски албум, работиме на тоа и едвај чекаме да го претставиме пред нашата публика а и надвор од Македонија. Бидете спремни!


Кога се формираше бендот High Voltage. Како се запознавте?
– High Voltage е бенд формиран во 2016-та година, се запознавме во средно школо на музички натпревар во Битола. До 2018-та се водевме како бенд од Битола но од 2018-та сме бенд од Охрид поради промени во составот на бендот.

Од кои музички групи добивате најмногу „инфлуенс“?
– Сите слушаме повеќе жанрови на музика и имаме различни влијанија како индивидуи ама кога се работи за бендот се инспирираме само од хард рок бендови. Бендови што најмногу нè инспирираат сите би рекол дека се Guns n’ Roses, AC/DC, Motörhead и Mötley Crüe.


Што ве инспира најмногу во создавањето на музика?
– Најмногу нѐ инспирира тоа што светот е уште жеден за добар рокенрол и нормално нашите идоли што и ден денес на тие години свират и растураат низ целиот свет со истата енергија како кога биле деца. Tоа само уште еднаш го потврдува фактот дека рокенрол музиката секогаш ќе биде актуелна и никогаш нема да умре.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концертите на Здравко Чолиќ закажани за јуни!

Поради трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животите ги загубија …