Овој знак го има само 3 проценти од светската популација
Ако буквата „М” (комбинација на линијата на животот, судбината и срцето) е јасно исцртана на вашата дланка, може да се сметате за уникатни. Овој феномен е многу редок, и само 3 проценти од светската популација го има овој знак.
Како што тврдеа античките Хиндуси, буквата „М“ што ја носат само ретките е благослов за добро наследство, показател дека оние што го имаат се успешни затоа што имаат силна самодисциплина и мотивација.
Луѓето кои ја имаат оваа буква на дланката лесно заработуваат пари и имаат можност да стекнат големо богатство и да направат успешна кариера во текот на својот живот. Тие се карактеризираат со висок степен на самодоверба, мотивација и дисциплина. Најчесто ги привлекува новинарството, пишувањето и образованието, па ќе се збогатат во овие сфери.
Буквата „М“ на дланката, исто така, симболизира способни водачи, среќа во текот на животот, голем просперитет и голема интуиција.
Експертите од оваа област тврдат дека луѓето кои ја имаат буквата „М“ на дланката непогрешливо откриваат лаги и знаат кога луѓето не им ја кажуваат вистината, а оваа особина е поизразена кај жените.