Џорџина Родригез е ѕвезда на социјалните мрежи и често објавува фотографии на Инстаграм. Таа со последната објава на оваа социјална мрежа ги израдува сите свои следбеници.
Кристијано Роналдо и неговиот животен сопатник во април станаа родители на ќерка, додека, за жал, синот почина при породување.
View this post on Instagram
Девојчето се вика Бела Есмералда, а единствената фотографија од неа ја објави Роналдо, се до вчера кога таа улога ја презеде неговата придружничка и ги изненади своите фанови. Сепак, две работи привлекоа големо внимание во јавноста. Бебето кое има само три месеци веќе има обетки, но и бенкица со потпис на брендот Диор. Но, се чини дека целата облека и сите потреби на Бела Есмералда се од светски марки, како што може да се види на фотографијата – има облека и од Мошино. Познатиот фудбалер очигледно не сака да штеди на својата најмала ќерка.
Фото: Принтскрин/Instagram