(ФОТО) Џорџ Клуни се простил од моторот: Амал му го забранила опасното хоби!


Клуни, како што тврди, е многу страствен возач на мотори со 40. годишен стаж, но околу својата одлука бил истраен и верувал дека ќе ја одржи…
Минатата година, за време на снимањето на актуелната ТВ серија „Квака 22“, Џорџ Клуни (58) во Италија имал сообраќајна несреќа кога на него и мотоциклот налетал автомобил. Глумецот имал среќа и минал без посериозни повреди, но таа несреќа на крај го донела до важна одлука. Џорџ, како што самиот рекол во ТВ емисијата „This Morning“ се простил од опасното хоби и превозно средство.


 



„Прво не мислев да се откажам. Амал веднаш ми кажа дека тоа ми е последен пат, но се надевав дека некако ќе се извлечам. Потоа колега, кој исто така имал несреќа ми рече дека дефинитивно го отпишал возењето на мотор и така се здружија против мене“, раскажал Клуни.
Клуни, како што тврди, е страствен возач на мотори со 40. годишен стаж, но дека околу својата одлука е истраен и верува дека ќе го одржи зборот. За добробитта на себе, но и сопругата која често ја „доведувал до лудило“ со своето хоби.



Џорџ и Амал Клуни (41) во брак се четири години а глумецот со адвокатката има двегодишни близнаци, ќерката Ела и синот Александер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МUSE имаше фантастичен настап на ПИНКПОП 2025

Леендарниот бритиш бенд МUSE имаше фантастичен настап на ПИНКПОП 2025 викендот што помнина. Отворија со …