(ФОТО) Џон Сноу ги растажил обожавателките: Се свршил заводникот од “Game of Thrones”

“Снимањето на Исланд траеше три недели. Преубава природа, магичен север … Не е тешко да се вљубите во личноста која ве привлекува”…
И додека фановите на популарната серија “Game of Thrones” сè уште ги споделуваат своите импресии за седмата сезона која заврши кон крајот на август, Кит Харингтон – актерот кој го игра Џон Сноу, се свршил.
Неговата избраничка е црвенокосата актерка Роуз Лесли која во серијата ја глумеше храбрата “дивјачка” Игрит.
Кит и Роуз се запознале на сетот на серијата уште во 2012. година, а својата врска долго ја криеле од медиумите. Парот кој неколку пати раскинувал и потоа се смирувал, од почетокот на оваа година живее заедно.
Како што пишува “The Sun”, ѕвездите од “Game of Thrones” сè уште не го одредиле датумот на нивната венчавка, а на семејството и пријателите неодамна им ја соопштиле среќната вест.
Во едно претходно интервју, 30.годишниот британски актер изјавил дека нивната романса се случила на Исланд, за време на снимањето на серијата.
“Снимањето на Исланд траеше три недели. Преубава природа, магичен север … Не е тешко да се вљубите во личноста која ве привлекува”, изјавил Кит.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на дуото Омерагиќ / Спировски

Вечерва, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 20:30 часот, ќе имате можност да го проследите …