(ФОТО) Џенифер Лопез со еден потег ставила крај на шпекулациите за развод

Покажала колку го сака Бен…
Иако во последно време се’ почесто се зборува дека имаат проблеми во бракот, Џенифер Лопез со нова фотографија на Инстаграм даде добар знак дека меѓу неа и Бен се е во совршен ред.
Актерката и пејачка (54) објави црно-бела фотографија од Бен Афлек од младоста и му го честита Денот на татковците.
– Нашиот херој. Среќен ден на татковците – напиша Лопез и додаде бело срце.


Instagram

Објавата доаѓа само неколку дена откако парот присуствувал на матурската забава на синот на Афлек, Семјуел, заедно со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Џенифер од самиот почеток на нивниот брак е вклучена во воспитувањето на децата на Афлек, исто како што тој е секогаш тука за нејзините близнаци, Макс и Ема, кои ги доби во бракт со Марк Ентони.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …