На девојчето и била дијагностицирана ретка форма на не-Хочкин лимфом.
Линден Смит е седумгодишно девојче наречено „хероина“, откако одлучила да собере пари за истражување и заболување од рак на деца.
Во летото 2019. година, Линден гордо го покажала своето прво мозолче на своите родители, што го имала на долниот дел на грбот, но тоа не било обично мозолче, пренесува Дејли Меил.
После една недела, нејзиното мозолче ја сменило бојата и нејзините родители се загрижиле. Дан и Аманда, ја однеле на лекар, кој рече дека тоа е само воспалено неразвиено влакно. Но, два дена подоцна, нејзината десна препона била отечена, па лекарите ја испратија на тестирање.
На девојчето и било дијагностицирана ретка форма на карцином
По неколку недели, на Линден и била дијагностицирана ретка форма на не-Хочкин лимфом. Имала карциноген тумор во градите и препоните и морала да помине шест интензивни сесии на хемотерапија и неколку месеци во болница.