(ФОТО) „ДЕНЕС СЕКОЈ МОЖЕ ДА ЈА НАПОЛНИ АРЕНАТА“: Калиопе никогаш не била поискрена – „Не ме купуваат трендовите“


Калиопи зборувала за состојбата на музичката сцена во регионот…
Македонската пејачка Калиопи Букле вели дека денес секој може да ги наполни арените и големите сали бидејќи сега музиката е многу покомерцијална отколку што била.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction)


– Останав верна на мојот музички правец затоа што сакам да правам музика според мојот сензибилитет. Не ме купуваат новите трендови и жанрови кои се популарни, но очигледно има многу луѓе, всушност младите, кои ги слушаат. Секој може да ја наполни арената денес, тоа стана нормално, а порано беше вистинска реткост – вели пејачката и додава:
– Не сакам да снимам дуети, некако тоа не е мој стил. Имаше понуди од колеги, ги одбив сите, не затоа што го кренав носот, туку затоа што не се гледам себеси во тоа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Да потсетиме, пејачката неодамна зборуваше за своите песни и изјави дека во својата кариера изведувала не само љубовни балади, туку и ангажирани песни со незгодни социјални теми:
– Сите мислат дека јас пеам само љубовни балади, но во текот на мојата кариера правевме ангажирани песни, а некои беа забранети. Сакавме да зборуваме и за работи во општеството кои не беа многу популарни. Отсекогаш сме биле доследни на нашиот музички израз и не сакавме да бркаме некој музички мејнстрим. Една песна беше пуштена само еднаш на радио и никогаш повеќе не ја слушнавме. Станува збор за песната „Мама“ од албумот „Роѓени“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КЕЈТ И ВИЛИЈАМ ГО УРНАА ИНТЕРНЕТ – „Каква убавина и моќ“, НА ОВА МЕСТО прославија 14 години брак: Принцезата во ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ПРЕКРАСНА ЈАКНА стилизирана за десет

– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се огласија по повод 14-годишнината од бракот – Целиот …