(ФОТО) Деми Мур искрена за состојбата на Брус Вилис: „Тоа никому не би го посакала“

Деми Мур сподели новости за здравјето на нејзиниот поранешен сопруг, Брус Вилис, со кого беше во брак 13 години.
Холивудската икона Брус Вилис е во „многу стабилна состојба во моментов“, потврдила неговата поранешна сопруга Деми.
На актерската легенда (69) и беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) која со текот на времето се влоши до точка каде што неговото семејство рече дека се соочува со „комуникациски предизвици“.
– Со оглед на даденото, моментално е во многу стабилна позиција. Сум зборувала за ова порано, но навистина го мислам тоа толку искрено, толку е важно секој што се бави со ова навистина да ги сретне таму каде што се, и од тоа место има таква љубов и радост. Очигледно е многу тешко, и не е тоа што би го посакала никому и тоа е голема загуба, но има и голема убавина и подароци кои можат да произлезат од тоа – била искрена Деми, пренесува Мирор.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Познатаиот актер со Деми има три ќерки, додека од вториот брак со актерката Ема Хеминг Вилис има уште две ќерки Мејбел и Евелин. Семејството редовно објавува ажурирања за состојбата на Вилис, потврдувајќи дека во март 2022 година му била дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на комуникациските вештини. Минатата година, неговата ќерка Румер потврди дека Вилис добил „поконкретна“ дијагноза на ФТД.
Здравствените проблеми го наведоа Вилис да се повлече од актерството, откако се појави во повеќе од 100 филмови во кариерата долга повеќе од четири децении. Тој ја освои наградата Златен глобус за неговата улога во американската драма Moonlighting од 1980-тите.


Фото: Архива/колаж

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три преводи на македонски јазик меѓу најдобрите преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година

Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски …