Свршеницата Марина Гагиќ и кумата Андреана Чортан излегле добро расположени после посетата на Дарко. Како што рекол извор за српските медиуми, Сарко сега може да слуша што се случува околу него…
Фолк пејачот Дарко лазиќ (27) кој на 23. октомври доживеал тешка сообраќајна несреќа, лекарите го разбудиле од индицираната кома. Таткото, Милан, изјавил дека Дарко ќе биде добро.
Свршеницата Марина Гагиќ и кумата Андреана Чортан излегле добро расположени после посетата на Дарко. Како што рекол извор за српските медиуми, Дарко сега може да слуша што се случува околу него, но не може да реагира и дека и понатаму е приклучен на апарати.
Да потсетиме, пејачот доживеал тешка сообраќајна несреќа кај местото Брестач во општината Пеќанци. Возел, повеќе од 100 км/час, под дејство на алкохол и излетал од патот и се превртел на кровот.
При превртувањето доживеал потрес на мозокот, повреда на кичмата, хематом на левиот бубрег, скршеница на бедрената коска, повеќекратни скршеници на ногата и искршил ребра што предизвикало оштетување на плуќата. како што велат лекарите, веројатно ќе му вградат вештачки колк. Исто така, пред неколку дена Дарко бил опериран и му била извадена слезената.
Како што пишува Курир, за него деноноќно се грижи најквалификуваниот персонал на КБЦ Земун.
„Дури 20. до 30. отсто оперирани пациенти во вакви случаи добиваат тромбоза, после операцијата. Тој го мина најлошито дел, но она што моментално е опасно е дека тромбозата може да доведе до дополнителни последици“, рекол извор за Курир и додал дека поради тоа состојбата на пејачот константно се следи.