Момчето Арчи Батерсби (12) околу 15. часот по наше време било исклучено од апаратот за одржување во живот, а како што пренесуваат британските медиуми, неговото семејство било со малиот до последен момент.
Холи Денс и Пол Батерсби вчера ја загубија најновата правна битка за да го извлечат синот од Кралската болница во Лондон, каде што момчето беше задржано откако претрпе катастрофална повреда на мозокот од предизвикот на TikTok.
Родителите сакале да го префрлат на друго место, но судот одбил.
Според Дејли Мејл, неговата мајка рекла дека тој бил исклучен од апаратот во 10. часот по локално време и дека починал два часа подоцна.
– Арчи почина денеска во 12:15 часот. Тој се бореше до самиот крај и јас сум многу горда што сум негова мајка, истакнала таа.
Како Арчи се повредил?
Мајката на Арчи верува дека тој претрпел оштетување на мозокот поради учество во предизвик на социјалните мрежи, откако го открила онесвестен дома на 7. април 2022. година.
Предизвикот кој кружи на социјалната мрежа ТикТок е познат како „предизвик за гушење“ и е еден од најновите во низата опасни трендови кои се појавуваат на социјалните мрежи. Поради предизвикот веќе починаа осумгодишната Лалани Ерика Рене Волтон од Тексас и деветгодишната Ариани Џелин Аројо од Висконсин.
Како Арчи добил оштетување на мозокот?
Предизвикот води до недостаток на кислород во мозокот, што може да биде фатално. Иако не се знае со сигурност дали Арчи учествувал или не во овој смртоносен предизвик, неговата мајка верува дека тој учествувал, бидејќи го нашла со јамка околу главата.
Арчи никогаш претходно не се освестил, тврди неговата мајка и оттогаш бил во кома.
Фото: Принтскрин/Facebook