(ФОТО) Дали ја препознавате? Поради новите фотографии на ѕвездата од 2000-тите, се прашуваат која година се: Веруваат дека таа ја открила тајната на вечната младост


Американската пејачка Кристина Агилера ги покажала своите нови фотографии за списанието „Carcy“, а со оглед на тоа што 44-годишната изгледа неверојатно млада со нејзиното неодамнешно слабеење, на многумина им изгледала непрепознатлива.
Имено, 44-годишната пејачка позирала во различни изданија како дел од снимањето за гореспоменатото списание, а мнозинството на социјалните мрежи имал сличен заклучок.
Додека некои се прашувале кој е всушност на фотографиите, други верувале дека Кристина успеала да ја открие тајната на вечната младост. Агилера изгледала уште помлада од нејзините фотографии од 2000-тите, кога беше на врвот на својата популарност.


„Овие фотографии ме тераат да се запрашам која година е“, напишала една корисничка на Твитер споделувајќи ги нејзините фотографии за списанието „Carcy“.
Пејачката ги „однела“ фановите зад сцената на фотосесијата преку објави на Инстаграм, покажувајќи неколку различни изданија додека носела сатенски фустан во боја на шампањ, бела долна облека преку црни хеланки и проѕирен црн фустан од чипка.

Исто така, Агилера претходно открила дека со години се борела со вишокот килограми и раскажала како успеала да се справи со тоа.
Нејзината тајна било да се посвети на здрава, балансирана исхрана и ригорозен режим на вежбање. Кога го родила својот син Макс, кој сега има 15 години, во 2008 година, таа беше предмет на бројни негативни коментари поради нејзината тежина.

Потоа таа почнала да губи тежина за улога, но нејзината тежина повторно флуктуираше. Таа открила дека изгубила околу 20 килограми во текот на годините со ограничување на дневниот внес на храна на 1.600 калории и следење на Rainbow (Виножито) диетата.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …