ИРСКИОТ актер Колин Фарел во понеделникот наутро се прошетал низ улиците на Менхетен, но минувачите не сфатиле дека гледаат еден од најголемите холивудски заводници.
46-годишниот актер беше непрепознатлив на филмскиот сет на претстојната серија „Пингвин“, во која повторно ќе го отелотвори ликот на истоимениот супернегативец, улога што првпат ја играше во минатогодишниот блокбастер „Бетмен“.
View this post on Instagram
Невообичаена трансформација
За да се трансформира во испакнатиот негативец, Фарел носи протетика која му дава подбрадоци и груба кожа, а со додавање на густи веѓи и проќелава коса, навистина би било тешко да се погоди кој е зад маската.
View this post on Instagram
Фарел минатиот месец за Variety откри дека глуми во новата спиноф серија, велејќи дека е возбуден што ќе се врати во ликот и ќе навлезе во злобната психа на Пингвин, но исто така се стави во рацете на таканаречениот холивудски крал на шминката Мајк Марино.
View this post on Instagram
Мајстор за трансформации
„Искрено, секоја мисла што ја имав за серијата беше поврзана со работата на Мајк Марино. Тој е едноставно генијалец, па неговата работа всушност беше инспирација“, открил актерот.
Деталите за заплетот за серијата се уште не се откриени, но се очекува снимањето да продолжи во следните неколку месеци.
View this post on Instagram
Сепак, Фарел ќе направи мала пауза од снимањето овој викенд за да присуствува на неделните Оскари во Лос Анџелес. Фарел беше номиниран за најдобар актер за неговата улога во „Островските души“, изведба што му донесе бројни признанија.
Фото: Принтскрин/Instagram