Актерот Џим Парсонс снимал во Њујорк, а неговиот изглед на многумина им паднал во очи.
Парсонс е познат по улогата на интелигентниот Шелдон Купер во „The Big Bang Theory“, но сега изгледа многу поинаку. Поради густата брада, разбушавената коса и темните очила, тешко е да се поверува дека се работи за актерот кој го глумеше физичарот Шелдон.
View this post on Instagram
Моментално глуми на Бродвеј, каде целосно го променил изгледот за улогата во претставата „Our Town“ (Нашиот град).
View this post on Instagram
За потсетување, „The Big Bang Theory“ е американска хумористична серија напишана од Чак Лор и Бил Пради, која започна со прикажување на 24 септември 2007 година на американската телевизиска мрежа CBS. Последната епизода беше прикажана на 16 мај 2019 година на телевизиската мрежа CBS.
Парсонс го отелотвори ликот на Шелдон, кој потекнува од Источен Тексас, дете гениј кој почнал да студира на 11-годишна возраст (по петто одделение во основно училиште). Има два доктора, а коефициентот на интелигенција му е застрашувачки 187.
И покрај сето ова, Шелдон има големи проблеми со разбирањето на иронијата, сарказмот и воопшто хуморот. Шелдон е малку аутист бидејќи го гледа светот во поинакво светло. Овие карактеристики се главниот извор на хуморот на неговиот лик, но и централната фабула на повеќето досегашни продолженија.
Фото: Принтскрин/Instagram