Денес започна онлајн гласањето за детската евровизија каде Македонија ја претставуваат Лара, Јован и Ирина со темата „Животот е пред мене“…
ГЛАСАЈТЕ за 10 🇲🇰
📲 Гласањето започна, а завршува на 11. декември во 15:59 часот, на веб страната www.jesc.tv ✅🗳
🎶 Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава. 🇲🇰
🗳️ Последното гласање ќе биде повторно отворено на 11. декември, во времетраење од 15. минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страница.
🏆 Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови)!
VOTE 10 🇲🇰
Принципот за гласање е едноставен – одите на линкот www.jesc.tv, треба да го изгледате целото видео од 4 минути и потоа ќе се отвори квадратчето за гласање. Избирате три композиции и пополнувате едноставна математичка задача на пример 1+1 – и го потврдувате своето гласање.
Повторно можете да гласате за време на манифестацијата која започнува во недела од 16. часот.
Да го дадеме нашиот глас и да им помогнеме во пласманот на нашите претставници Лара, Јован и Ирина и темата „Животот е пред мене“.
Фото: Принтскрин/Facebook