Годрфи Багума (47), чевлар од Уганда, секогаш избегнувал дружење со луѓе затоа што не сакал да бидат исплашени од неговиот изглед. Меѓутоа, во Уганда се организирал избор за најнеобичен човек и Годфри ја однел победата. Наскоро станал поп сензација и целиот свет слушнал за тоа.
Добар живот за некој чиј живот започнал така што мајката во болницата штом го родила веднаш го отфрлила.
Годфри страда од генетско нарушување наречено fibrodisplazija ossificans progressiva (FOP) .Тоа е ретка болест на вкостување на мускулите. Кај луѓето со оваа болест, под удар дел од зафатеното ткиво се претвора во коска, што го оневозможува движењето на тој дел од телото. Сè уште не е откриен лек за оваа болест, иако е можно да се отстранат коскените делови со операција.
Меѓутоа, таквото решение е краткорочно, бидејќи телото почнува повторно да создава нови слоеви на цврсто ткиво. 300 до 600 луѓе во светот страдаат од ФОП, кои мораат секој ден да земаат силни лекови против болки, а во просек живеат околу 40 години. Тие се многу ограничени во секојдневните активности и секојдневно трпат огромни болки.
Инаку, Годфри случајно слушнал за натпреварувањето од негов клиент, кој го убедил да се пријави, а Годфри денес вели дека тоа е неговата најдобра одлука во животот.
“После тоа, се дружев. Не само тоа, исто така, најдов работа”, вели Годфри, кој има еден брак зад себе, од кој добил две деца.
А, потоа ја запознал, како што вели, љубовта на неговиот живот, Наманда Кејт и со неа има уште шест деца. Нивната љубов и брак предизвикуваат чуда насекаде.
„Годфри не е сигурно многу убав, но има убаво срце. Посакувам луѓето да го гледаат онака како што јас го гледам“, вели неговата сопруга.
Ниту едно од децата, за среќа, не ја наследило состојбата на Годфри, иако тој се грижи дека најмладата ќерка изгледа малку како него, а Годфри и понатаму е чевлар, но и музичка ѕвезда.