Американската актерка Џена Ортега при нејзиното појавување во „The Late Show with Stephen Colbert“ привлекла внимание со фустан кој изгледал како да е од стакло.
Станува збор за креација на Оскар де ла Рента од колекцијата есен 2025 година. Чини 13.000 долари. Тој всушност не е направен од стакло, туку од тврди парчиња пластика наредени да личат на ливчиња од роза. Ортега признала дека не се чувствувала удобно да го носи.
„Нема да лажам. Секогаш кога ќе седнам, парчиња од него ми го бодат задникот”, рекла таа, а водителот Стивен Колбер се пошегувал дека лекарите треба да бидат на штрек.
Својот изглед го комплетирала со смела шминка и суптилен накит. За време на нејзиното појавување во споменатото шоу, таа зборувала за втората сезона од серијата „Wednesday“, која ќе излезе на Нетфликс подоцна оваа година.
View this post on Instagram
„Лејди Гага ни се придружи. Многу сме возбудени“, рекла таа.
Детали за улогата за која Лејди Гага е избрана сè уште не се познати. Сепак, магазинот Variety тврди дека тоа е споредна улога. Без разлика, многу гледачи со нетрпение ја очекуваат оваа серија.
Фото: Принтскрин/Instagram