ПОСЛЕ разиграните фустани и минијатурни топови, време е за промени и уште повеќе облека. Сепак, тоа не значи дека мора да се фрлите во купување на куп работи за есенските денови. Она што ви треба се клучни, класични парчиња кои секогаш се во мода и во кои секогаш ќе изгледате одлично.
Со цел секогаш да бидете уредени и шик, Ви препорачуваме да ги засновате вашите есенски комбинации на следните четири клучни парчиња.
1. Карирано палто
Ова ретро парче облека можете да го најдете, освен во продавниците, во гардероба на вашата мајка или на пазарите за стари работи. Изгледа одлично со што и да го поврзувате, а поради неговата импресивност, најдобро изгледа со најобичната црна маичка и фармерки.
2. Миди фустан со принт
Во вашиот гардеробер, дефинитивно треба да имате фустан со средна должина со интересен принт што ќе можете да го користите освен за секојднвни обврски и за прославии и разни забави.
3. „Балонер“
Инвестирањето во балонер е дефинитивно едно од најисплатливите работи кои треба да ги направите. Освен што никогаш не излегува од мода, овој легендарен мантил изгледа шик и елегантен со секоја комбинација на облека.
4.Плетено
Никогаш не можете да направите грешка со добар плетен џемпер. Оваа година, трендовски се ракави во облик на ѕвонче, кои со сите носечки и класични парчиња даваат мал, но интересен пресврт.