Американскиот актер и режисер Вин Дизел вчера на својот Инстаграм профил споделил фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Имено, 58-годишниот Дизел му ја честитал на Ѓоковиќ победата на АТП турнирот во Атина.
„Честитки до мојот брат Новак Ѓоковиќ. Големината не се постигнува сама, таа се заработува со дисциплина и се дефинира со срце. Ти ги отелотворуваш и двете“, рекол Дизел.
View this post on Instagram
Сепак, ова не е прв пат светските ѕвезди да го рекламираат и следат српскиот тенисер. Еден од блиските пријатели на Новак Ѓоковиќ е холивудскиот актер Метју Меконахи, кој го нарече „жива легенда“ во мај откако ја освои својата 100-та титула.
Меѓу ѕвездите кои претходно го следеа на турнирите се: Стинг, Дастин Хофман, Леонардо ДиКаприо, Кит Урбан, Никол Кидман, Шарлиз Терон, Зак Браф, Ема Робертс, Џастин Тимберлејк, Ева Лонгорија, Даниел Брул и многу други.
Инаку, во фантастичното финале на АТП турнирот во Атина, српскиот тенисер го победи Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5) и стигна до 101-та титула во кариерата. Со 38 години и пет месеци, Новак стана и најстариот победник откако е воспоставена АТП турнејата во 1990 година.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни