(ФОТО) Британска водителка открила дека има дупка во срцето, се огласила по напорната операција


Британската водителка Ема Вилис открила дека била оперирана откако дознала дека има дупка во срцето. Таа изразила благодарност до лекарите и сите кои и дале поддршка во овие тешки моменти од нејзиниот живот.
Таа напоменала дека пред неколку недели направила операција која вклучувала мали засеци, што и е многу чудно за да го напише, а уште почудно кога го кажува гласно. За дијагнозата дознала минатата година.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Willis (@emmawillisofficial)


„Излегува дека живеев 48 години, не знаејќи дека имам дупка во срцето. Зарем не е лудо тоа што се случува во нашите тела без ние да имаме поим? Она што уште повеќе ме восхитува се чудата на модерната медицина и спектакуларните луѓе кои нè спасуваат и ни помагаат секој ден. Можете ли да замислите какво е чувството да се има раце што можат да ја прават, меѓу другото, таа работа? Тие се вистински ѕвези“, напишала меѓу другото.
Таа на социјалните мрежи им се заблагодарила на лекарите и на нејзиниот сопруг Мет Вилис.
Вилис е позната по нејзината работа на Канал 5, BBC, ITV и Heart FM. Таа била домаќин на „Големиот брат“, како и музичките натпревари „The Voice UK“ и „The Voice Kids UK“.
Минатата година таа заедно со својот сопруг почнала да ја води емисијата „Love is Blind“ на Нетфликс.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …